Мерцедес и Тојота ќе прават фабрики во Србија?

Србија има шанси да добие две нови фабрики на светски автомобилски гиганти, јавуваат српските медиуми.

EPA-EFE

„Преговорите се во тек со неколку светски произведувачи на автомобили. Најдалеку се отидени преговорите со Мерцедес“, потврдил за Б92 висок функционер на српската влада. Дека се преговара потврди и магазинот Недељник, повикувајќи се на добро информиран претприемач вклучен и во германската и во српската бизнис заедница.

Истовремено, како што пишува Недељник, голема јапонска автомобилска компанија испратила писмо со намери до општината Инџија. Најавена е изградба на фабрика за автомобили вредна милијарда евра, потврдил претседателот на општината Инџија Владимир Гак.

Изворот од српската влада потврдил дека зад идната фабрика зад автомобили во Инџија се крие јапонската компанија Тојота.

„Прашањето кое виси во воздух додека не стигнат повеќе информации за овој аражман е дали Тојота проценила дека ѝ се потребни нови капацитети (покрај фабриките  во Турција и Чешка) за „напад“ на европскиот пазар и верува дека Србија е добро место за таа стратегија“, наведува Недељник.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе