Мерцедес ГЛС, „оружјето“ за напад врз БМВ икс7 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Германскиот премиерум гигант Мерцедес бенц го претстави својот одговор на кросоверот икс7 на ривалот БМВ.

 

Како што и се очекуваше, новата генерација на моделот ГЛС изгледа како „набилдана“ верзија на ГЛЕ, но со новиот дизајнерски израз на Мерцедес.

За разлика од компактните браќа, ГЛС е побогат со хромирани детали на каросеријата, додека задниот дел на кросоверот го красат тенки ЛЕД стоп светла.

Внатрешноста, како и добар дел од екстериерот е слична на моделот ГЛЕ, што пред сѐ се гледа на идентичната инструмент табла со двоен дисплеј и материјали со висок квалитет.

Ентериерот нуди повеќе простор од кога било, особено на вториот ред седишта, благодарение на меѓуоскиното растојание од 3.137 милиметри, што е повеќе од она што го нуди БМВ икс7 (3.104 милиметри).

Купувачите ќе можат да бираат меѓу богата понуда од мотори, вклучувајќи го и најновиот 48-волтен „благ“ хибриден систем со шестцилиндерскиот агрегат од ГЛЕ.

Што се однесува до помоќните АМГ верзии, тука ќе го има 4,0-литарскиот V8 со двојна турбина, а сите модели ќе имаат деветбрзински автоматски менувач.

Мерцедес веќе работи на ултралуксузна Мајбах верзија на ГЛС, а најскапата верзија на овој модел ќе се разликува од остатокот од понудата пред сѐ по единствените браници, бандажи и предна маска.

Новиот мерцедес бенц ГЛС официјално ќе биде претставен на 17 април на саемот на автомобили во Њујорк.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе