Нов модел

Мерцедес ЕКуА – најмалиот и најевтин електричен автомобил со трикрака ѕвезда (ФОТО+ВИДЕО)

Мерцедес го претстави својот најмал, најевтин и најнов електричен автомобил. Мерцедес ЕКуА е најмалиот електричен автомобил на компанијата откако беше создадена ЕКу серијата.

 

Направен е по пример на моделот ГЛА, за погон користи електричен мотор кој може да испорача 187 коњски сили и вртежен момент од 378 њутнметри, погонот не на предните тркала, а батеријата е литиум-ионска од 66,5 киловат часови.

Како што соопшти Мерцедес, ЕКуА ќе може да помине околу 426 километри со едно полнење и се очекува да го следат бројни електрични кросовери, бидејќи е најавено дека се работи на цело семејство вакви автомобили.

Мерцедес изгледа речиси идентично како ГЛА, со неколку измени на предната маска, ЛЕД предните светла и задните светла, а што се однесува до внатрешноста, инструмент таблата е главниот дел, со два монитори од 7 инчи, кои со доплата може да „пораснат“ до 10,25 инчи.

Во Германија ќе чини околу 38.000 евра.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе