Направен е по пример на моделот ГЛА, за погон користи електричен мотор кој може да испорача 187 коњски сили и вртежен момент од 378 њутнметри, погонот не на предните тркала, а батеријата е литиум-ионска од 66,5 киловат часови.
Како што соопшти Мерцедес, ЕКуА ќе може да помине околу 426 километри со едно полнење и се очекува да го следат бројни електрични кросовери, бидејќи е најавено дека се работи на цело семејство вакви автомобили.
Мерцедес изгледа речиси идентично како ГЛА, со неколку измени на предната маска, ЛЕД предните светла и задните светла, а што се однесува до внатрешноста, инструмент таблата е главниот дел, со два монитори од 7 инчи, кои со доплата може да „пораснат“ до 10,25 инчи.
Во Германија ќе чини околу 38.000 евра.