Мерцедес брабус 1000 СЕЛ од 1985: Кога 500 едноставно не е доволно (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Нема многу мерцедеси 1000 СЕЛ на продажба, па кога некој ќе се појави на радарот, заслужува да се сподели, па дури и ако е во Америка.

 

Како вистинско чедо на 1980-тите, мерцедес 1000 СЕЛ е производ на тјунинг компаниите кои им нудеа на сопствениците на моделите 500 СЕЛ и 560 СЕЛ шанса да ги надградат своите автомобили до највисоко ниво на луксуз. Дали крајниот резултат беше двојно подобар за да се оправда новата значка е спорно, но не може да се игнорира шармот (или суетата) која доаѓа со неа.

Овој црн примерок доаѓа од 1985 година и е базиран врз 500 СЕЛ (W126). Автомобилот бил купен нов во Европа и веднаш заминал во Брабус за да го добие 1000 СЕЛ третманот, кој во овој случај не е премногу екстремен и главно се фокусира на естетски доработки.

На надворешноста се истакнуваат поагресивните браниците заедно со страничните спојлери, комплет 16-инчни ББС бандажи и предна маска и значки обоени во црно.

Стаклата се, нормално, затемнети, а ентериерот е „облечен“ во црна кожа. Пред возачот има спортски волан од правилното време и брзиномер на Брабус гравиран на 200 милји на час (за американскиот пазар). Километражата покажува нешто повеќе од 196.000 милји.

Силата доаѓа од 5,0-литарскиот М117 V8 мотор на Мерцедес во комбинација со четирибрзински автоматски менувач. во огласот не се спомнуваат никакви измени на моторот, кој како нов даваше 231 коњска сила.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе