С-класа од 1969

Мерцедес-бенц 300 СЕЛ 6.3 е чиста елеганција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Мерцедес-бенц 300 СЕЛ 6.3 од 1969 година бара нов дом во САД, и со поминати само 12.325 километри (7.659 милји), еден од најелегантните автомобили на сите времиња би требало да постигне добра сума.

 

Познатата историја на овој конкретен 300 СЕЛ 6.3 почнува во 1990 година, кога бил купен од љубител на Мерецедес-бенц во Портланд. Тој платил целосна и професионална реставрација на автомобилот на највисоко ниво. Низ долгата реставрација, биле монтирани голем број оригинални фабрички делови.

Во огласот се истакнува и дека оригиналниот 6,3-литарски мотор бил целосно обновен и надграден за максимални перформанси. Сега има клипови со поголема компресија, АМГ брегасти оски како и рачно направени издувни grani, со што „значително“ е зголемена моќноста.

И менувачот и задната оска биле реставррани, предната оска и управувачката кутија заменети, и ставени биле 15-инчни тркала, а целата каросерија била соголена и обоена во оригиналната боја. Претапациран бил и оригиналниот кожен ентериер.

Во 2013 автомобилот го купил син за роденденот на својот татко. Четири години подоцна автомобилот бил купен од „еден од најпознатите колекционери на автомобили во светот“, и поминал целосен сервис во текот на три месеци за да се доведе до највисоко ниво.

Автомобилот сега се продава со целосна документација, алат и резервно тркало.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе