Луксузна ракета

Мерцедес АМГ Е63 С е суперавтомобил маскиран како луксузен седан (ВИДЕО)

Подновениот (со фејслифт) мерцедес-АМГ Е63 С нуди перформанси кои се обично резервирани само за врвните суперавтомобили.

Под хаубата на автомобилот е познатиот битурбо 2,0-литарски V8 на АМГ со здрави 603 коњски сили и вртежен момент од 850 њутнметри. Овие бројки се истите од Е63 С пред фејслифот, но седанот сега има нов деветбрзински спидшифт автоматски менувач.

Мерцедес-АМГ тврди дека на Е63 С му се потребни 3,4 секунди до 100 км/ч, но на неодамнешен тест на супер седан на германскиот Аутобан, јутјуберот Аутоман ТВ успеа да стигне од 0-100 км/ч за 3,3 секунди.

За време на тестот, автомобилот стигнува од 100 км/ч до 200 км/ч за 7,7 секунди. За да се добие перспектива, на Аутоман ТВ му биле потребни 8,1 секунди за да стигне од 100 км/ч до 200 км/ч во најновиот ауди РС6 авант, иако тој признава дека аудито имало 22-инчни тркала, а мерцедесот 20-инчни.

Покрај перформансите, подновениот Е63 С има серија апдејти. На пример, има ревидирано „лице“ со нова маска, подновен браник и нови фарови.

Во кабината нови се воланот и најновиот МБУХ инфотејнмент систем.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе