Брзина и луксуз во 70-тите

Мерцедес 450 СЕЛ 6.9: култната германска лимузина наполни 45 години (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога Мерцедес првпат го претстави 450 СЕЛ 6.9 пред 45 години, тој беше сметан за најдобриот модел во понудата на германската марка, врвот што можеше да го понуди во светот на брзите седани.

 

Мерцедес 450 СЕЛ 6.9 беше најмоќната верзија на моделот W116 кога беше претставен пролетта во 1975 и многу брзо стана икона на компанијата од Штутгарт.

Рачно направениот М100 6,9-литарски V8 мотор е поголема верзија на 6,3-литарската единица од 300 СЕЛ 6.3, со алуминиумски клипови и механичко вбризгување на горивото. Собира масивни 12 литри моторно масли, поради што интервалот за промена е 15.000 километри.

Огромниот мотор, екстремно софистициран за своето време, даваше 282 коњски сили со вртежен момент од 550 њутнметри и беше во комбинација со трибрзински автоматски менувач. Доволно моќ за максимална брзина од 225 км/ч.

Мерцедес на 450 СЕЛ 6.9 му даде и хидропневматска самонивелирачка суспензија заедно со поцврстите антирол прачки напред и назад, како и диференцијал со ограничено пролизгување.

Што се однесува до комфорот, вклучени беа додатоци како клима уред, автоматско одржување брзина, централно заклучување, електрични прозорци, систем за чистење на фарови и други „играчки“.

Мерцедес произведе само 7.380 примероци од 450 СЕЛ 6.9 помеѓу 1975 и 1980 година. Она што тогаш се сметаше за апсолутно најдобрата лимузина во светот денес е еден од најбараните класични мерцедеси, и тоа со добра причина.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе