Легенди

Мерцедес 300 СЛ галвинг ги рашири „крилјата“ во одлична анимација (ВИДЕО)

Кој е најубавиот автомобил во светот? Тоа е прашање со повеќе одговори, бидејќи некои ќе кажат дека тоа е јагуар Е-тајп, други дека таа титула ја носи ламборгини миура. За многумина, тоа е оригиналниот мерцедес-бенц 300 СЛ, поточно купето со вратите како крилја на галеб. Моделот со ознака W198 е прекрасен автомобил, а тимот на Бриктоп направил фантастична анимација во чест на легендарниот спортски двосед.

Screenshot

300 СЛ галвинг останува еден од најретките автомобили направени од Мерцедес бидејќи само околу 1.400 примероци биле направени во Зинделфинген меѓу август 1954 и мај 1957. 29 од нив биле направени со лесна легура на алуминиум, а бил направен и експериментален модел со пластични панели. Имало и неколку купе верзии од 200 СЛР тркачкиот автомобил (W196 R) со поголеми осумцилиндерски мотори, но тие никогаш не биле за продажба.

Многумина веруваа дека моделот C111 од 1969 година ќе биде духовниот наследник на 300 СЛ поради вратите. Меѓутоа тоа никогаш не се случи, бидејќи проектот заврши со серијата прототипи и никогаш не влезе во сериско производство.

Мерцедес вети дека новата генерација на СЛ која доаѓа во 2021 ќе го разбуди духот на оригиналниот „галвинг“, но вратите нема да бидат такви поради кабриолет каросеријата на моделот. Сепак, ние ќе бидеме задоволни ако новиот „шпорт лихт“ биде модерна интерпретација на 300 СЛ родстерот.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе