Иако во моментов пазарот на жестоки хечбеци цвета, Мазда реши да отиде во поинаква насока со мазда3 турбо. Наместо да брка тркачки перформанси и да прави компромиси на сметка на комфорот, како традиционалните жестоки хечбеци, се решија на моќен мотор, погон на сите четири тркала и шестбрзински автоматски менувач.
Моторот е 2,5-литарски турбобензинец со 250 коњски сили и вртежен момент од 434 њутнметри. Тоа, во комбинација со погонот на сите тркала и автоматскиот менувач, значи дека може да стигне до 100 км/ч за помалку од 6 секунди.
Кога е во спортски модус на возење, менувачот во авто, и со исклучена контрола на пролизгувањето, возачот може да стигне до 60 милји на час (96 км/ч) за 5,75 секунди. Ова време им конкурира на помоќните и покрути хонда сивик тајп Р и рено меган РС трофи, а е подобро од хјундаи и30 Н и фолксваген голф ГТИ. Што не е лошо за автомобил кој не е вистински дизајниран да се натпреварува со кој било од нив.