Матра симка ранчо: оригиналниот кросовер пред своето време (ФОТО+ВИДЕО)

Ранчо се појави во 1977 година како мешавина од моноволумен, пикап и патнички автомобил, со поголемо растојание од тлото.

Многу години пред кросоверите да загосподарат со патиштата, две француски компании, Матра и Симка, заедно го развија моделот ранчо.

Во времето кога ова возило се појави, во 1977, купувачите најчесто се определуваа за седани или економични хечбек модели кои во тие години царуваа на пазарот.

Од друга страна, за возење надвор од асфалтот се користеа класични теренци.

Првиот поглед на ранчо открива сличности со ленд ровер дискавери, кој, пак, се појави на крајот на осумдесеттите.

Ранчо всушност беше продолжен симка 110 пикап, кој во себе имаше доста компоненти преземени од други модели на Симка.

Во изработката на каросеријата беа користени челик и стаклени влакна, а за погон беше употребен попречно поставен мотор од 1.442 кубни сантиметри. Конструкторите предвиделе дека автомобилот ќе се користи како теренско возило, па подвозјето го заштитиле со заштитни плочи.

Покрај можноста да се упати во офроуд возење, ранчо беше и многу практичен. Внатрешноста изобилува со простор за одложување предмети, а во кабината може да се возат до 7 луѓе.

Задниот ред седишта е повисок во однос на предните, па патниците позади имале добра прегледност низ големите стакла.

Вториот и третиот ред седишта беа склопливи, при што ранчо се претвораше во товарно возило за кабасти предмети.

За жал, колку и да беше интересен, ранчо беше невообичаен автомобил за своето време и не доби вистински наследник. Како и повеќето одлични идеи, и оваа беше пред своето време.

Имаше обиди за наследник со значката на Пежо, но француската компанија не беше премногу заинтересирана.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе