„Со еден збор, фантастичен е“, вели поранешниот тркач на Вилијамс и Ред бул рејсинг, додавајќи: „Има толку многу позитивни моменти. Како на пример тоа што проширената предна оска дава подобри перформанси во свиоците и влегувањето во свиокот станало уште попрецизно“.
„Различната големина на предните и задните тркала прават голема разлика во стабилноста при брзо менување насока. Што се однесува до дизајнот, многу ми се допаѓа – многу е јасен и е типично порше“, вели Вебер.
Целосната естетика на порше 911 за 2020 година повеќе не е мистерија, и и покрај поприличното подновување на дизајнот на задниот дел, генерацискиот модел 992 сѐ уште поприлично личи на претходниците. Најверојатно повозбудлив од изгледот на надворешноста ќе биде дизајнот на ентериерот, кој ќе има нова инструмент табла, нови команди и поголем централен дисплеј, но и поквалитетни материјали.
Што се однесува до перформансите, знаеме дека треба да очекуваме нов осумбрзински ПДК автоматик со двојна спојка, наместо стариот седумбрзински менувач, а најавени се и ревидирани шестцилиндарски боксер турбобензинци.