Македонец дизајнер покажа како би изгледало современо југо на струја (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот дизајнер Дејан Христов ја престави својата визија на модерно југо, со облик инспириран од оригиналниот модел од осумдесеттите.

 

Во време кога сè поголем број автомобилски дизајнери инспирацијата за новите модели ги наоѓаат во дизајните од минатото, со стилски детали применети на електричните возила од иднината, наш дизајнер направи интересна интерпретација на југото за 21 век.

Цртежите се дело на независниот дизајнер Дејан Христов, кој својата љубов кон автомобилите ја претвора во интересни проекти, како современата верзија на моделот на Застава.

Христов како основа ја употребил карактеристичната коцкеста форма на оригиналниот модел, а потоа ја модернизирал и прилагодил на современите текови на автомобилската индустрија.

Неговото југо е замислено со електричен погон, кој би конкурирал со цената.

Како што јавуваат српските медиуми, Дејан Христов планира за својот проект да ја информира српската влада и во неговата реализација би можеле да учествуваат Римац автомобили или Стелантис групација, која е сопственик на фабриката во Крауевац.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе