Порше 935 клубспорт

Мајсторите на Порше добро знаат како да направат нов автомобил инспириран од легенда (ФОТО+ВИДЕО)

Порше го искористи настанот Ренспорт ријунијон за неочекуваното претставување на новиот тркачки автомобил 935.

 

Инспирацијата е иконата 935/78, а новиот модел ќе биде произведен во ограничена серија наречена клубспорт, и нема да се натпреварува во трки/

Основа за новиот автомобил е 911 ГТ2 РС и има ретро каросерија главно направена од полимерски (пластични) панели зајакнати со карбонски влакна. 935 има и цела низа компоненти од тркачки автомоибли како ЛЕД светла од 919 хибрид ЛМП1, странични ретровизори од 911 РСР и титаниумски издувни цевки кои звучат како оние на порше 908 од 1968. И за крај, има и аеродинамички оптимизирани тркала кои личат на оние на оригиналната 935-ка.

Во внатрешноста има карбонски волан и дигитална шал табла земена од најновиот 911 ГТ3 Р. Возачите седат во тркачки седишта рекаро и се врзани со појаси во шест точки.

Од десната страна има уникатна централна конзола и менувач со ламинирана рачка која е всушност омаж на тркачките автомобили како 909 бергспајдер и 917. Автомобилот има и еркондишн, заштитен кафез и опциско совозачко седиште.

Погонот доаѓа од 3,8-литарски шестцилиндерски боксер мотор со два турбополначи и 700 коњски сили поврзан со седумбрзински ПДК менувач кој ја испраќа силата до тркалата преку тркачки диференцијал.

Порше одби да открие колку е брз автомобило, но потврди дека тежи само 1.380 килограми и има спортски систем за сопирање. Автомобилот има и ПСМ систем за стабилност, контрола на триењето со подлогата и АБС-систем кој може целосно да се исклучи.

„Овој спектакуларен модел е роденденски подарок од Порше моторспорт до сите обожаватели низ светот“, кажа потпретседателот на спортскиот оддел на Порше, д-р Франк Штефан Вализер. „Бидејќи автомобилот не е хомологиран за тркање, инженерите и дизајнерите не мораа да се придржуваат до одредени правила и оттука е слободата во развојниот процес“.

Производството ќе биде ограничено на само 77 примероци, а во Европа цените почнуваат од 701.948 евра. Првите примероци ќе бидат испорачани во јуни 2019.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе