Врвот на гамата

Ленд ровер во дифендерот стави V8 со 518 коњски сили (ФОТО+ВИДЕО)

Новиот дифендер на Ленд ровер доби нов V8 мотор со турбополнач.

 

Развојот на новиот дифендер V8 беше најавен пред неколку месеци, и сега изгледа дека исполнува сè што беше ветено. Во срцето на ѕверот се наоѓа 5,0-литарски V8 со 518 коњски сили и вртежен момент од 625 њутнметри. Тоа е доволно за дифендер 90 да стигне од 0-100 км/ч за 5,2 секунди и максимална брзина од 240 км/ч. Новиот V8 мотор ќе може да се добие и во дифендер 110.

Во комбинација со големиот мотор е осумбрзински автоматски менувач и погон на сите четири тркала. Вообичаено опционалниот електронски активен заден диференцијал сега доаѓа како стандард.

Системот за „теренска реакција“ на ленд ровер дифендер V8 вклучува и програма динамик која ја има само тој модел, и им овозможува на возачите да го „искористат подинамичниот карактер и управувачка избалансираност“. Компанијата порача дека ова овозможува поостар одговор при забрзувањето.

Од визуелен аспект, V8 моделот може да се разликува од останатите по ознаките, четирите издувни цевки и 22-инчните тркала.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе