Ленд ровер официјално го најави новиот дифендер пред дебито во Франкфурт (ВИДЕО)

Ленд ровер го објави првиот официјален видео тизер од најновата генерација на својот модел дифендер пред глобалното деби на теренецот на 10 септември на годинешниот автомобилски салон во Франкфурт.

Низ децениите, дифендерот се зацврсти како еден од најиздржливите и способни теренски возила достапни на широката јавност и Ленд ровер сака да се осигури дека новиот дифендер ќе ги исполни очекувањата.

Имајќи го тоа предвид, тестирањето на новиот дифендер беше спроведено на некои од најопасните места на Земјата, а непосредно пред дебито во Франкфурт, возилото се соочува со Долината на замоците во Казахстан, подвиг за кој од Ленд ровер тврдат дека е кулминација на исклучително напорната тестна програма во која дифендерот бил подложуван на температури од минус 40 Целзиусови степени до плус 50 Целциусови степени.

Иако новиот дифендер неодамна беше „уловен“ без камуфлажа на снимањето на новио филм за тајниот агент Џејмс Бонд, сепак останува Ленд ровер официјално да го претстави со сите технички информации и детали.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе