Офроуд соочување

Ленд ровер дифендер, мерцедес Г-класа и џип ренглер во жестока битка (ВИДЕО)

Дифендерот на Ленд ровер секогаш бил една од најдобрите опции за оние кои сакаат да се симнат од асфалтираните патишта. Меѓутоа, од пристигнувањето на новиот модел, многумина се скептични околу неговите можности и го споредуваат не само со претходникот, туку и со ривалите.

Во видеото, Каруау им поставува серија предизвици на новиот дифендер, Г-класата на Мерцедес и ренглерот на Џип, користејќи поени за да го утврди победникот.

Дифендер има 2,0-литарски четирицилиндерски дизел мотор со 240 коњски сили, Г350д има 2,9-литарски шестцилиндерски мотор со 286 коњски сили, и ренглер има 2,0-литарски четирицилиндерски бензинец со 272 коњски сили.

Првиот предизвик е трка по угорнина, и тука Г-вагенот завршува прв, дифендерот е втор а ренглерот е на трето место.

Вториот предизвик е обратен – трка по удолнина во која најбавниот победува. Овој тест ги проверува можностите на теренците да ја контролираат брзината при спуштање, и гледаме сосема спротивни резултати: џипот е прв, ленд роверот е на второ место а мерцедесот е трет.

Третиот тест ја проверува управливоста, во кој теренците треба да поминат низ офроуд патека што побрзо. Тука резултатот е речиси изедначен, но геландевагенот е прв, ренглерот втор а дифендерот трет.

Потоа следува тестот во искачување, а теренците треба да совладаат стрмен, каллив рид што побрзо. Мерцедесот тоа го прави без никаква мака, па следуваат дифендерот и ренглерот.

Следат уште две рунди тестирање, и сè на сè, мерцедесот завршува прв, а џипот и ленд роверот се во тесна борба за второто место. Сепак, мора да се истакне дека резултатите би можеле да бидат поинакви ако возилата се поидентични.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе