Пред дебито во Париз

Легендата се враќа: Рено го најави електричниот кросовер инспириран од „четворката“ (ФОТО)

Долгонајавуваното враќање на рено 4 е спремно го форма на целосно електричен кросовер на автомобилскиот саем во Париз годинава. На тазе објавените тизери се гледа авантуристичкиот став на концептот.

Жил Видал, шефот на дизајн на Рено, зборуваше за Р4 и Р5 опишувајќи ги како модерен пресврт на култните модели кои се разликуваат од гамата на Рено во однос на дизајнерскиот јазик. И навистина, лицето на концептниот автомобил има ретро вкус, личи на оригиналната „четворка“ која се продаде во повеќе од осум милиони примероци од 1961 до 1992 година.

Концептот има кросовер профил со големо растојание од подлогата и големи тркала. Од страна изгледа голем колку дачија дастер, со коцкести отвори за тркалата и ЛЕД ленти на задните странични прозорци, багажникот на покривот и под вратите.

На предниот дел го има новиот амблем на Рено, на задниот има вертикални ЛЕД светла, повторно како на оригиналот. Багажникот на покривот и на задното стакло прават да изгледа како истражувачко возило, што е одлична тема за концепт.

Концептот доаѓа 30 години по завршувањето на производството на оригиналниот рено 4. Премиерата е најавена за 17 октомври, а очекуваме Рено да ја продолжи кампањата на тизери со постепено откривање на изгледот на автомобилот.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе