Ситроен ДС палас омаж

Легендарната „ајкула“ замислена како електричен предводник на новата ера (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ситроен ДС е француска автомобилска икона која во своето време била технолошка сила со напредниот хидропневматски систем за амортизација и диск сопирачки, нешто што претходно го немал ниеден сериски произведуван модел.

 

Сега е 2020 година и иако Ситроен продолжува да произведува добри автомобили, ниту еден од нив не ја турка индустријата напред како оригиналната „ајкула“. Затоа се тука независните концепти.

Со пригодно име ситроен ДС палас омаж, оваа студија е дело на Санг Вон Ли и го пренесува култниот дизајн на ДС во модерниот свет. Не изгледа ни слично на актуелните модели на Ситроен, но е совршен потсетник на оригиналот.

Генералната форма на концептот е она што прво паѓа во очи. Има нагласен преден дел и големи отвори на предните тркала, и шофершајбна која се обвиткува околу кабината. Дизајнерот на новата „ајкула“ ѝ дал и долго меѓуоскино растојание и ниска линија на покривот која ја издолжува кабината зад задните тркала.

Меѓу особено кул дизајнерските детали се ЛЕД светлата, остриот преден сплитер, елегантните врати без очигледни рачки, аеродинамичните капаци на задните тркала.

Санг Вон Ли го замислил ДС палас омаж како електрично возило.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе