Брабус 850 6.0 битурбо 4×4² фајнал едишн

„Лебедовата песна“ на Г-класата чини речиси 500 илјади евра (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Покрај моделот 800 вајдстар базиран на последниот Г63, Брабус ја испраќа последната генерација на Г-класата во голем стил на годинешниот автомобилски саем во Женева, со 850 6.0 битурбо 4×4² фајнал едишн „1 од 5“.

 

Долгото име открива практично сѐ за „теренскиот суперавтомобил“, како што го нарекува Брабус. Базиран врз претходната генерација на мерцедес-АМГ Г63, теренецот од подлогата е разделен цели 600 милиметри.

Стандардниот 5,5-литарски V8 мотор со две турбини е заменет со 6,0-литарски, најмоќниот осумцилиндерски мотор на Брабус досега. Дава 850 коњски сили на 5.400 вртежи во минута со неверојатен вртежен момент од 1.450 њутнметри, достапен меѓу 2.500 и 4.500 вртежи во минута.

Резултатот е забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,7 секунди и максимална брзина од 210 км/ч, само поради тоа што теренските гуми не можат да дадат повеќе.

Тоа е само потврда дека овој ѕвер е екстремно способен надвор од стандардните патишта благодарение на висината и максималната артикулација на двете оски.

Моќниот теренец има и уникатни карбонски стилски додатоци, како спојлерот над шофершајбната во кој има дополнителни дневни светла, но и отворот на хаубата, рамките околу фаровите, и капаците на предниот браник. Карбонската решетка со логото на Брабус и капакот на резервното тркало ги заокружуваат надворешните модификации.

Во внатрешноста, 850 6.0 битурбо опсипува со луксуз благодарение на целосно кожениот ентериер со сини акценти. Конфигурацијата на седење 2+2 ја истакнува ексклузивноста на моделот.

Сето ова доаѓа со цена од 482.000 евра во Германија, сосе ДДВ. Тоа е многу, но барем само уште четири луѓе во целиот свет ќе имаат слично возило.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе