Ланча стратос страдале – легендата дизајнирана за рели доминација (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ланча стратос е една од најголемите икони на рели Групата Б, а со само 492 произведени „цивилни“ примероци, можноста да се поседува е исклучително мала.

 

Аукциската компанија Џирардо & ко сега нуди подоцнежен модел од 1977 година кој оригинално бил продаден во Австрија пред да биде префрлен во Британија во 2001. Целосно е оригинален, што значи „росо стратос“ боја и хавана седишта, а шасијата и моторот се во оригиналната фабричка комбинација.

Дизајнот е дело на Марчело Гандини и стратос страдале е првиот автомобил за патиштата кој бил замислен пред сѐ како тркач, а цивилната верзија била произведена само за да се исполнат хомологациските стандарди на ФИА.

Моќта доаѓа од верзија на моторот на ферари дино – 2,4-литарски V6, кој кај страдале моделите дава 200 коњски сили во комбинација со петбрзински рачен менувач. од друга страна, тркачката верзија со 300 коњски сили освои три последователни светски рели шампионати и 18 победи за време на сјајната кариера.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе