Делта ХФ интеграле е автомобил за кој не треба специјално претставување, а овој примерок бил увезен во САД од Јапонија годинава. Обоен е во бело со специјална Мартини графика на надворешноста. Истиот овој автомобил се продавал во јуни, наддавањето стигнало до 23.000 долари, но не бил продаден.
Под хаубата на делтата интеграле е 2,0-литарски турбобензинец со осум вентили по цилиндар, кој дава 182 коњски сили и има вртежен момент од 304 њутнметри. Моторот е во комбинација со петбрзински рачен менувач кој ја префрла силата на сите четири тркала. Мерачот на ланчата покажува дека има поминато едвај малку повеќе од 78.000 километри.
Доволно за реализирање на рели соништата...