700 коњски сили

Ланча делта интеграле ево која ги витка просторот и времето (ВИДЕО)

Култната ланча делта интеграле ево е една од најдобрите спортски машини, но оваа конкретна ланча интеграле не е како ниедна друга. Интензивно модифицирана за ридско-брзински трки, таа можеби е едноставно најлудиот примерок на Земјата.

Исто како ланчите делта што може да се купат (деновиве по многу високи цени) за патиштата, овој примерок има 2,0-литарски четирицилдерски турбобензинец, но благодарение на цела низа модификации, наводно дава околу 700 коњски сили. Гледајќи го автомобилот во акција, нема сомнеж дека има барем толку бесни коњи под хаубата.

Додека тркачкиот автомобил ги совладува угорнините, може да се слушне како свири турбината додека издувот исфрла оган во секој згодна прилика. Звучи како агресивниот мотор да е во комбинација со некаков секвенцијален менувач за да врши молневити измени на брзините.

А тука е и изгледот. На предниот дел нема светла и вообичаените отвори и решетки се исфрлени. Наместо тоа има празен простор а веднаш зад браникот може да се видат големиот ладилник и интеркулерот. Има и раширени предни и задни крила, како и огромен заден спојлер за подобро лепење за подлогата.

Немаме никаква информација колку би можела да чини вака „накрцканата“ ланча делта интеграле ево, но сигурно не е евтина.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе