Ламборгини урус стигнува до „стотка“ за неверојатни 3 секунди! (ВИДЕО)

Ламборгини урус е брз. Колку е навистина брз? Па, при совршени услови, речиси може да се носи со своите „браќа“, суперавтомобилите хуракан и авентадор во права линија.

Момците од Јутјуб каналот Дрегтајмс неодамна тестирале еден урус за да проверат колку добро забрзува. Резултатите ќе ве шокираат.

Без сопатник во автомобилот, супер кросоверот постигнал најдобро време од 0-60 милји на час (96 км/ч) за 2,93 секунди. Не само што тоа е доволно добро за повеќето суперавтомобили, туку е и за половина секунда побрзо од официјалната бројка на Ламборгини.

Импресивните бројки не сопираат со резултатот на спринтот од 0-60 милји на час. Урус може да стигне до 100 милји на час (160 км/ч) за 5,7 секунди и да забрза од 60 до 130 милји на час (96-209 км/ч) за 8,8 секунди.

Под хаубата на урус има твин-турбо 4,0-литарски V8 со 641 коњска сила и вртежен момент од 850 њутнметри. Како и авентадор и повеќето хуракани, урус има погон на сите четири тркала, но тежи поприлични 2.200 килограми.

Логиката наложува дека поради поголемата тежина треба да биде значително побавен од другите модели на Ламбо, но очигледно вртежниот момент на моторот и погонот на сите четири тркала некако ја надминуваат таа пречка.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе