Ламборгини миура чуван во плевна во Германија продаден за 1,4 милиони евра (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Зачуваниот ламборгини миура П400 од 1971 кој во последните години собирал прашина во плевна на германски Шварцвалд, доби нов сопственик на аукција одржана во главниот град на Британија.

 

Реткиот примерок на легендарниот модел на Ламборгини со број на шасија 4245, пред речиси половина век го купил еден директор од Нирнберг, за автомобилот подоцна да му биде продаден на германскиот тркач Ханс Петер Вебер.

Откако во 2015 година Вебер починал, автомобилот завршил во неугледна гаража на планината Шварцвалд каде што бил до неодамна.

Следната дестинација на оваа ретка миура веше лондон каде аукциската компанија Сотби Јуроп го понуди на продажба. На крајот беше продаден за 1,24 милиони фунти (околу 1,4 милиони евра).

Се истакнува дека ватомобилот на аукцијата ја достигнал оваа сума благодарение на тоа што неговата надворешност и ентериерот се во оригинална состојба и се многу добро зачувани за годините.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе