Ламборгини марцал концепт е визија за иднината од 1960-тите (ФОТО+ВИДЕО)

Ламборгини хуракан перформанте спајдер и терцо миленио беа моделите на италијанската марка кои го „украдоа“ вниманието на годинешниот автомобилски собир во Женева, но не беа единствените.

 

Оригинално претставен од Ламборгини во Женева во 1967 година, марцал концепт (Marzal Concept) повторно се појави на истиот настан, 51 година подоцна.

Дизајниран од Нучио Бертоне и Марсело Гандини како потенцијален модел на Ламборгини со четири седишта, марцал никогаш не стана реалност. Вратите во стил на крилја на галеб, направени главно од стакло, не беа по вкусот на Феручио Ламборгини, главно поради тоа што веруваше дека не треба сите да гледаат во женските нозе.

Сепак, ова не значи дека некои негови детали не беа искористени за дел од следните возила на Ламборгини, вклучувајќи ја еспада, која беше претставена следната година со слични екстериер и детали во ентериерот (инструмент таблата).

Марцал концептот има 2,0-литарски шестцилиндерски мотор, кој е всушност половина од 4-литарскиот V12  мотор на Ламбо од тоа време, кој го „носеше“ миура. Во комбинација е со петбрзински рачен менувач кој ги префрлаше 175-те коњски сили на задните тркала.

За разлика од повеќето концепти, кои се заклучуваат во магацини и се забораваат, ламборгини марцал беше еднаш возен во јавноста – набрзо по претставувањето во женева, за време на Големата награда на Монако, но не како тркачки автомобил, туку како безбедносно возило, од страна на принцот Рание од Монако, и неговата сопруга, принцезата Грејс.

Марцал концептот не е дел од поставката на Ламборгини музејот, бидејќи беше продаден во 2011 година за 2 милиони долари на приватен колекционер.

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе