Гараж 54

Лада со најбрз механизам за кревање на прозорците (ВИДЕО)

Кога станува збор за моделите на Лада и нивни луди преработки мора да е вмешан Гараж 54, односно мајсторите кои преку тој канал ги претставуваат своите преработки. Сега на ред е механизмот за кревање на стаклата.

Механизмот не е на струја, бидејќи не ѝ е местото во вистинска лада. Сè, па и кревањето на стаклата мора да биде робусно, а во овој случај и прилично опасно.

Тие добиле идеја да го направат најбрзиот механизам па решиле да користат компримиран воздух.

Зад тапацирите на вратите вградиле пневматски цилиндер каков што се користи за отворање врати на автоматските ленти во фабриките.

Епилогот е фасцинантен, бидејќи стаклото се движи со неверојатна брзина (и сила) и станува фатално за сè што ќе му се најде на патот.

Со брзина поголема отколку што може да постигне ладата овој механизам станува ефикасен сечач.

И за крај особена пофалба за руското стакло кое ги издржа речиси сите наметнати предизвици.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе