Култното пежо 404 го прослави својот ден на скопските улици (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еден од моделите по кои е позната француската компанија Пежо е големиот седан 404, кој вчера, на 4 април, го прослави својот ден и во Скопје.

 

Во организација на Француската амбасада во Македонија беа прикажани неколку примероци, кои потоа се провозија по скопските улици.

Пежо 404 е еден од најславните модели на француската марка, дизајнот е потпишан од Пининфарина, а се произведуваше од 1960 до 1975 година. Моделот на почетокот се продаваше како седан, карван и пикап, а подоцна беа додадени и кабриолет (1962) и купе (1963). Можеше да се избира меѓу 1,6-литарски бензински мотор, или 1,9-литарски дизел.

Популарен како такси-автомобил, 404 имаше репутација на неуништлив. Престана да се произведува по 2.885.374 изработени автомобили.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе