Тип 20 концепт

Култното комбе на Фолксваген од 1962 се врати со електромотор (ФОТО+ВИДЕО)

Фолксваген Америка прикажа електрично комби наречено тип 20 концепт базирано на култниот тип 2 од 1962 година кое содржи цел куп експериментални компоненти како „тактилни објекти и интерактивна електроника“.

 

Комбито изгледа исклучително кул со двобојна каросерија и портокалова лента на долниот дел. Има и оригинални тркала и држачи на ретровизорите со органски инспириран дизaјн кој ги прави поцврсти и полесни.

Во кабината има предна клупа и волан изработен во истиот органски стил. Тип 20 има и холографски дисплеј „лукинг глас 2“. Фолскваген тврди дека може да продуцира 3Д слики без да има потреба од специјални очила.

Мотивацијата се добива од батерија од 10 киловат часа која го напојува електромоторот со 120 коњски сили.

Комбето има и оригинална пневматска амортизација развиена во соработка со Порше. не се знае многу за неа, но компанијата откри дека тип 20 концепт ќе се поткрева кога му се приближува возачот.

Иако тип 20 е само концепт, Фолксваген ќе понуди сериска верзија од ај-ди баз концептот. Тој ќе пристигне во 2022 година и ќе биде електрично комби кое „црпи од духот и шармот кои го направија фолксваген тип 2 толку култно возило“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе