БМВ Е30 325и

Култната „коцка“ на БМВ сега вреди 60.000 евра (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одлична зачуван БМВ серија 3 од 1991 година, односно Е30 325и спорт се продаде за над 51.000 фунти (речиси 60.000 евра) на неодамнешна аукција во Британија, со што стана најскапата не-М „коцка“ позната на јавноста.

 

Сивиот Е30 325и купе е еден од последните модели во спорт верзија и има голем број М-тек надградби, вклучувајќи и М-текник каросериски кит и заден спојлер, спортски диференцијал и М-текник амортизација со 15 милиметри пониски пружини, со 5-брзински рачен менувач со кратки преноси.

Да се најде Е30 во толку беспрекорна состојба веќе е реткост, особено со само 6.794 милји (11.000 километри) и со целосна сервисна историја, вклучувајќи ги и документите за продажбата. Автомобилот беше продаден минатата недела во Бирмингем, поприлично надминувајќи ја максимално проценетата сума од 35.000 фунти.

БМВ произведе над 3,2 милиони „коцки“ меѓу 1982 и 1994 година, и ако се исклучат некои специјални верии и секако М3-ките, тешко е да се замили дека може да се оправда толку високата цена. Или ова значи дека цените на Е30 сега драматично ќе пораснат?

Стануваме и општество на меѓунационална недоверба и постојана сомничавост, која не секогаш е без причина.

повеќе

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе