Концептот волга 2020 е обид да се врати руската марка на старите позиции (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ако може да се каже нешто што е заедничко за сите модели на Волга низ годините тоа е фактот дека беа големи автомобили главно користени од страна на советските власти, додека јавноста мораше да се задоволи со помалите лади.

 

Сега кога СССР е одамна заминат во историјата, руските олигарси мора да се возат во најдоброто што Западот има да го понуди. И покрај тоа, овој волга 2020 концепт (Volga 2020 Concept), дело на Александер Шторм, е обид да се воскресне духот на старите автомобили.

Највпечатливи на прв поглед се мускулестите линии и ниската линија на покривот, но иако изгледа наметливо од некои агли и има голема, продолжена шофершајбна која преоѓа во панорамски покрив, ЛЕД светла, хромирани детали, огромни сопирачки, двобоен екстериер и кожен ентериер, резултатот изгледа прилично сирово, дури и за концепт.

Вие решете самите дали може да се спореди хипотетичката сериска верзија на овој автомобил со која било германска луксузна лимузина.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе