Колку долго може да се вози со празен резервоар? (ВИДЕО)

Светнувањето на сијаличката за гориво за време на возење никогаш не создава пријатно чувство и иако е подобро за моторот да не се вози со многу малку гориво, вистината е дека на сите ни се случува тоа.

Поновите автомобили кои имаат опција за проценета раздалечина со останатото гориво помагаат да се олесни стравот од ненадејно застанување, но постарите автомобили имаат само стрелка и сијаличка за да предупредат дека крајот наближува. Сепак, ако сте доволно храбри, колку навистина би можеле да извозите со сијаличката и стрелката цврсто залепени на 0?

Екипата на Кар тротл (Car Thottle) се упатила автопат за да го открие ова со нивниот хонда акорд и, вџашувачки, успеале да извозат 159 километри (99 милји) со стрелката на 0 и цели 199 километри (124 милји) од моментот кога светнала сијаличката за резерва.

Пред да седнете во вашиот автомобил и да се обидете да ги победите овие бројки, треба да имате предвид дека точноста на покажувачите за гориво поприлично варира меѓу различни возила. И дефинитивно имајте при рака канта со гориво за да бидете подготвени кога ќе сопре автомобилот.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе