Не е евтина

Колку чини замена на батерија на електричен автомобил

Цените на заменските батерии за електрични автомобили достигнуваат вртоглави суми. Едно се гаранцијата и гарантниот рок, кои се главно до осум години или 250.000 минати километри, но што потоа, кога возачите се препуштени само на себе?

Холандски Аутовик спровел истражување во рамки на кое ги прашал сервисите колку чини заменска батерија за одредени модели.

Од Тесла, на пример, не стигнал никаков одговор, а цените не ги објавуваат ни Ауди, Фиат ни Опел. Дури ни Фолксваген не може или не сака да ги даде точните цени на батериите по истекот на гаранцијата.

Нова батерија за моделите од семејството ИД на Фолксваген би требало да чини меѓу 10.000 и 15.000 евра. За постарите модели базирани на ем-кју-би платформата, е-голф и е-ап цената е меѓу 10.000 и 20.000 евра.

Флуктуирачките цени се последица на сложеноста и бројот на артиклите, кажал портпаролот на Фолксваген.

Мерцедес е еден од ретките големи произведувачи кој е транспарентен. Батерија за и-кју-а чини 15.209 евра, за и-јку-ес 19.603 евра, а за и-јку-ви новиот пакет чини 27.230 евра.

Заменска батерија за смарт и-кју форту и смарт и-кју форфор би требало да чинат 6.538 евра.

Хонда ја наплаќа 7.283 евра заменската батерија за електричниот модел хонда е. Заменска батерија за дачија спринг чини 6.770 евра.

Цената за рено зои, кангу ЗЕ и твинго електрик се околу 9.000 евра парче. За лесниот градски автомобил твизи батеријата чини околу 4.000 евра.

Помалата батерија на моделот лиф (40 киловат часови) Нисан ја наплаќа 10.306 евра, а големата (62 килобат часови) 15.516 евра.

Значи, во зависност од големината на батеријата замената може да биде прилично скапа, што не пречи да се знае ако планирате купување електричен автомобил.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе