„Белата колекција“

Колекција бели поршиња која ќе ве позелени од завист (ВИДЕО)

Како прво, локацијата на оваа неверојатна колекција на модели на Порше е тајна. Поради тоа што толку малку се знае за неа, дури може да биде навестување на она што ги очекува обожавателите на Порше по смртта, бидејќи... па, погледнете ја! Не само што најголемиот дел од 65-те порше автомобили се во нијанси на бела боја, дури и зградата е облеана во бело.

И мебелот е бел, заедно со горниот дел од неверојатната гаража каде што се наоѓаат литературата и различните предмети поврзани со славната марка.

Споственикот на колекцијата е исто така анонимен, а за локацијата на која се чуваат овие специјални модели се знае само дека се наоѓа во Соединетите Американски Држави.

Што се однесува до самата колекција, има автомобили од сите генерации, иако доминираат 911-ките. Меѓу главните атракции се порше 959, хиперавтомобилот 918 спајдер, карера ГТ, но и неколку поршеа 356.

Во музејски услови се чуваат и оригинални промотивни постери, како и разни додатоци, како облека или патни торби со знакот на Порше, а има и библиотека со книги и оригинални документи за моделите од Штутгарт. Во колекцијата има дури и велосипеди на Порше.

Особено му е тешка „работата“ на чуварот на колекцијата.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе