Кој е најдобриот теренец: мерцедес-АМГ Г63, сузуки џимни или џип ренглер? (ВИДЕО)

И мерцедес-АМГ Г63, и сузуки џумни и џип ренглер се исклучително способни теренци, но кој е најдобриот кога тренето станува суров?

За да провери кој од трите коцкести теренци е најсестран, Каруау ги втурна еден против друг во серија тестови, бодувајќи ги трите автомобили во зависност од тоа како минале на тестот за да се добие конечен резултат.

Првиот тест е тест во забрзување на стрмен и лизгав рид. Не изнаненадува тоа што Г63 со својот 4,0-литарски твинтурбо V8 со 577 коњски сили победува. Импресивно е тоа што џимни е подобар од ренглерот и покрај тоа што има минијатурен четирицилиндерски мотор со 101 коњска сила.

Вториот тест ја оценува маневрабилноста на трите автомобили, додека третиот тест ја проверува цврстината на секоја шасија. На четвртиот тест теренците се спуштаат по стрмна удолнина за да се провери најдобрио систем за контрола на спуштањето, додека на последниот тест треба да се искачат по карпест рид.

Секако, Г63, џимни и ренглер им се допаѓаат на многу различни луѓе и се далеку од директни ривали, особено поради тоа што припаѓаат на различни сегменти на офроуд пазарот и имаат драматично различни цени. Сепак, интересно е да се види како сите три си ја одработуваат задачата и освојуваат прилично тешки терени.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе