Лесно тактичко возило

КЛТВ – „хамвито“ на Киа (ФОТО+ВИДЕО)

Освен патнички возила, корејската компанија произведува и други типови возила, вклучувајќи и такви за потребите на војската.

 

Киа својот имиџ во светот го гради како прозиведувач на релативно евтини и конкурентни патнички и кросовер модели. Помалку е познато дека комапнијата произведува и други, специфични возила меѓу кои и КЛТВ (киа лесно тактичко возило).

КЛТВ личи на клон на глобално познатиот американски „хамви“, кој веќе три децении е неодминлив во американската војска, но и други армии низ светот.

Актуелната верзија е третата генерација на ова возило кое се произведува примарно за воени потреби.

Како и оригиналниот „хамви“, и овој теренец користи модуларна механичка платформа која овозможува производни верзии со пократко и подолго меѓуоскино растојание, како и разновидни каросериски надградби и конфигурации.

Максималната носивост на КЛТВ е 7 тони, а го погонува турбо дизел мотор со 225 коњски сили и вртежен момент од 500 њутнметри.

Силата се пренесува на сите четири тркала со помош на осумбрзински автоматски менувач.

Може да совлада косина од 60 отсто и да мине водена пречка длабока 76 сантиметри.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе