Серес СФ5

Кинескиот произведувач на мобилни телефони го најави својот прв автомобил (ФОТО+ВИДЕО)

Првиот автомобил на компанијата Хуавеј е претставен на автомобилскиот саем во Шангај со ознаката СФ5.

 

Станува збор за кросовер со плагин хибриден погон, при што бензинскиот мотор служи само како генератор на електрична енергија, за да се зголеми автономијата во возењето.

Автомобилот е развиен во соработка со компанијата Сајрус, а ќе се продава под марката Серес.

Станува збор за прилично комфорно возило – со должина од 4.700 милиметри, ширина 1.930 милиметри и висина од 1.625 милиметри, кое според димензиите припаѓа на класата возила како ауди Кју5.

Внатрешноста е, очекувано, максимално дигитализирана, со богати содржини и квалитетни материјали.

Командите на мултимедијалниот систем, како и другите функции се сместени на огромниот централен екран чувствителен на допир.

Високиот стандард се гледа и во достапните системи за помош во возењето, а особено внимание е посветено на звучната изолација, за која произведувачот тврди дека според карактеристиките е во самиот врв на пазарот.

Погонскиот систем се состои од два електромотори со вкупна комбинирана сила од 551 коњска сила и максимален вртежен момент од 820 њутнметри.

Тука е и 1,5-литарскиот бензински мотор кој работи исклучиво како генератор за полнење на батериите.

Серес СФ5 забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,7 секунди, а радиусот на движење само со помош на батериите е 180 километри, а автономијата се зголемува на 1.000 километри кога ќе се активира бензинскиот мотор.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе