Кинески Џили почна бесконтактно да испорачува клучеви од нови автомобили со дронови (ВИДЕО)

Кинеската автомобилска компанија Џили смисли креативен начин за бесконтактна достава на новите автомобили на купувачите.

Пандемијата на коронавирусот тешко погоди голем број стопански гранки, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија. Освен врз производството, ваквата ситуација драматично се одрази и врз продажбата на нови, веќе произведени возила.

Имајќи предвид дека епидемијата прво ја погоди Кина, тамошните автомобилски компании уште во февруари се обидуваа да најдат начин да стигнат до потенцијалните купувачи.

Така Џили авто, откако продажните салони останаа без посетители, почна сопствена онлајн продажна услуга, која овозможува купувачот не само да го одбере своето возило, туку и тоа да му биде испорачано на домашна адреса – најпрвин за тест-возење, а потоа и за секогаш, ако реши да го купи.

Како што велат, на тој начин до сега продале преку 10.000 автомобили, додека уште 110.000 потенцијални купувачи се регистрирале на сервисот и покажале желба на тој начин да дојдат до нов автомобил.

Џили објави и видео во кое е прикажано како изгледа испораката на нов автомобил купен онлајн. Како што се истакнува, поради ситуацијата, испораката е практично бесконтактна.

Автомобилот, кој е претходно темелно дезинфициран, се довезува на домашната адреса на купувачот, а особено е интересен начинот на испорака на клучевите на возилото.

Клучевите се пакуваат во пластично ќесе, која потоа со дрон се пренесува до влезната врата или балконот на купувачот.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе