Кинески Џили најави автомобил со систем за заштита од коронавирусот

Кинеската автомобилска компанија Џили ауто соопшти дека кросоверот ајкон кој го произведува ќе има систем за заштита од коронавирусот.

Џили ајкон ќе биде опремен со систем за филтрирање на воздухот и на тој начин ќе спречи влегување на вирусот во кабината, а во претпродажба веќе се нарачани 30.000 вакви возила.

Кинеската компанија претходно најави дека ќе потроши 53 милиони долари на борбата против вирусот, кој убива луѓе низ целата планета, а епицентарот е токму во Кина, каде досега се пријавени околу 3.000 смртни случаи.

„Како одговор на новата епидемија на коронавирусот Џили ауто во рекорден рок разви нов интелигентен систем за прочистување на воздухот. Овој високо ефикасен систем за прочистување на воздухот работи заедно со клима уредот за изолација и елиминација на штетните елементи во кислородот во кабината, вклучувајќи бактерии и вируси“, се наведува во соопштението на компанијата.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе