Кинеската армија седани со четири врати на Фолксваген (ФОТО)

Додека во Европа доминираат модели како голфот, на останатите континенти ситуацијата не е баш таква. За пример, Фолксваген само минатата година во Кина продаде над 1,6 милиони седани, кои на тој пазар се најпопуларната каросериска варијанта на автомобили.

Џета ВА3– исклучително популарен автомобил во најбројната земја во светот, продаден во 145.000 примероци.

Оваа џета е долга 4,5 метри, а од 2019 година се продава под значката на истоимената подмарка на Фолксваген наменета исклучиво за кинеските купувачи и ја носи ознаката ВА3.

ФАВ-фолксваген сагитар – Откако беше претставен во 2006 година фасцинираше поприличен број луѓе. Поставен е на ем-кју-би платформата и може да се купи со 1,2-литарски или 1,4-литарски мотор.

Меѓуоскиното растојание изнесува 2,73 метри, додека, за споредба, кај северноамериканската верзија е 2,69 метри.

САИЦ фолксваген ламандо – Еден од поновите автомобили, бидејќи на пазарот се појави во 2014 година и сѐ до минатата година не можеше да дојде до бројката од 100 илјади примероци, а во 2019 беа продадени 101.500 примероци.

Ламандо е долг 4,6, а висок 1,42 метри.

ФАВ-фолксваген бора – Само овој модел е продаден во над 320.000 примероци. Може да се купи и во електрична верзија, а автомобилот е долг над 4 метри.

САИЦ фолксваген сантана – Моделот сантана кој во моментов се продава во Кина нема ништо заедничко со оригиналниот автомобил со исто име кој своевремено беше заснован на пасатот.

Овој е развиен специјално за кинескиот пазар и долг е 4,48 метри, а широк 1,71. Меѓуоскиното растојание е 2,60 метри. Во 2019 година се продадени околу 245.000 примероци.

САИЦ фолксваген лавида – Третата генерација на овој модел во Кина е лансирана во мај 2018 година и претставува најпродаван модел на Фолксваген во таа земја, имајќи предвид дека во 2019 а купувачите им се испорачани 491.000 автомобили.

Како и бората, достапен е и во електрична верзија е-лавида која погонскиот систем го дели со моделот е-голф.

Возилото е долго 4,67 метри, широко 1,81, а меѓуоскиното растојание е 2,68 метри.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе