Ферари ГТЦ4 лусо Т

Кими Раиконен ќе ви покаже како се вози ферари (ФОТО+ВИДЕО)

Со претставувањето на новите 812 суперфаст (812 Superfast) и прекрасниот лаферари аперта (LaFerrari Aperta), ГТЦ4 лусо Т (GTC4Lusso T) некако падна во заборав во последните месеци.

 

Меѓутоа, ова е идејата на Ферари за секојдневен автомобил па му беше потребен паметен начин за повторно исфрлање на површина, па Италијанците побараа помош од Кими Раиконен и му дозволија да го ослободи V8 турбо ѕверот на пат полн со свиоци.

37-годишниот возач на Формула 1 веќе зборуваше за „возбудата да се вози V8 турбо се четири седишта“, па седнувањето зад воланот на прекрасниот гранд турер е само јаготката на шлагот.

„Кога ќе седнам во ГТ автомобил, сакам да ги доживеам специјалните моменти, оние што го прават уникатен и по кои се разликува од другите. Кога станува збор за модел на Ферари, тие секогаш успеваат да ме воодушеват и возбудат“, изјави Кими. „Ме потсети на моите спортски денови во релито. ГТЦ4 лусо Т забрзува моќно од свиоците, врти многу добро и ја држи линија со апсолутна прецизност“.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе