Премиера

Киа го претстави електричниот ЕВ6, базиран на истата платформа како хјундаи ајоник 5 (ФОТО+ВИДЕО)

Киа ги објави првите официјални фотографии од целосно електричниот ЕВ6, првиот модел целосно посветен на батериите.

 

Автомобилот ќе ја има својата официјална премиера подоцна месецов и иако техничките детали се сè уште тајна, на фотографиите се гледа впечатливиот дизајн на ЕВ6 во детали. Иако е базиран на истата електрична глобална модуларна платформа (Е-ГМП) како и хјунади ајоник 5, изгледа многу различно.

ЕВ6 ја претставува новата дизајнерска филозофија на Киа, која вклучува пет клучни дизајнерски столба – „храброста на природата“, „задоволството со причина“, „моќта за напредок“, „технологија за живот“ и „тензија и смиреност“.

Предниот дел на ЕВ6 има впечатливи светла и ЛЕД дневни светла, формирајќи го „дигиталното тигарско лице“ на автомобилот, еволуција во дизајнот кој корените ги влече во тигарскиот нос на Киа. Наназад новиот модел на Киа има легната шофершајбна, интересни задни столбови, и карактеристична линија која оди по долниот дел на вратите. И за крај, на задниот дел има ЛЕД лента која го заокружува дизајнот.

Ентериерот е исто така прилично различен од актуелните модели на Киа и има свиен екран во кој се вклучени и дигиталната инструмент-табла и централниот дисплеј. Киа ЕВ6 има едноставен волан со два крака. Компанијата истакнува дека седиштата во ЕВ6 се направени со рециклирана пластика.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе