Каква е иднината на Алфа Ромео?

Алфа Ромео сака што побрзо да ја заборави 2019. Но, што носи 2020? Или поточно, што носат годините што следат.

Славниот италијански произведувач на автомобили тешко дека ќе ја надмине бројката од 110.000-120.000 продадени примероци со двоцифрен пад на продажбата.

Двата клучни модели џулија и стелвио на крајот на годината добија „освежени“ верзии за следните неколку, збогатени со современа технологија, нов мултимедијален систем, контролна табла, волан и систем за ватономно возење.

Меѓутоа, Алфа Ромео не понуди ништо друго на пазарот. Многумина очекуваат повеќе новини во 2020, но и таа најверојатно ќе биде транзициска година.

Алфа пред сѐ се потпира на новиот бран продажба на „подновените“ џулија и стелвио, но тешко е да се очекува помрднување од мртва точка туку повеќе враќање на нивото од 2018.

На тоа поприлично ќе влијае пензионирањето на џулиетата, единствениот претставник на компактната класа која е најпопуларна во Европа.

Така Алфа Ромео ќе остане со само два модели во понудата, покрај 4Ц чии продажни резултати се на ниво на статистичка грешка.

Дали може да се очекува некој револуционерен пресверт пред сѐ зависи од тоа како и кога ФЦА и ПСА ќе го комплетираат спјувањето на овие две џиновски алијанси.

Тоа се очекува најрано во првите месеци од следната година, што остава простор за лансирање нови модели.

Меѓутоа, од Алфа уште претходно најавија дека единствената премиера во 2020 ќе биде компактниот кросовер тонале, но на крајот на годината, што значи дека продажбата ќе почне во 2021.

На хартија има планови за трет мал кросовер, планиран меѓу 2021 и 2022, за кој се најавува дека би можел да се вика бренеро и кој би можел да биде електричен модел.

Меѓутоа, многумина сметаат дека спас на Алфа Ромео е возможен само со лансирање нови модели во Б и Ц сегментот, наследници на моделите мито и џулиета.

Со нови два премиум модели во пониските класи Алфа Ромео би им дала многу поголем избор на потенцијалните купувачи на кои џулија и стелвио им се преголеми и прескапи.

Влегувањето на ПСА групацијата дополнително ги подгрева овие гласини бидејќи Алфа Ромео би можела да развие помали модели без дополнителни инвестиции во платформа, користејќи ја архитектурата на Французите.

Бидејќи генералниот директор на новиот гигант ќе биде Карлос Таварес, јасно е дека од неговите планови ќе зависи и улогата на Алфа Ромео во новото италијанско-американско-француско семејство.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе