Во „фабриката на иднината“

Како „оживува“ порше тајкан (ВИДЕО)

Во погонот на Фолксваген групацијата во Цуфенхаузен во септември почна производството на електричниот модел порше тајкан.

Станува збор за нова фабрика која е изградена пред четири година, а ја нарекуваат „фабрика на иднината“ бидејќи нема негативни влијанија врз животната средина.

Се користат обновливи извори на енергија, а сѐ е придвижувано од струја, дури и логистичките возила.

Тајкан се произведува со помош на исклучително напредни и прецизни роботи надгледувани од високо стручен персонал.

На получасовната снимка може да го видите процесот на производство на еден тајкан чии први примероци на купувачите ќе им бидат испорачани во декември.

Овој електричен спортски автомобил со 4 врати може да развие до 750 коњски сили, и од 0 до 200 км/ч стугнува за само 9,8 секунди. Со едно полнење на батериите може да мине и до 450 километри.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе