Како може некој да остави 11 класични ферарија да „умираат“ на ливада? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Автомобилите на Ферари обично се паркирани во добро заштитени гаражи, а не на ливади, па може да го замислите изненадувањето кога се појави информацијата дека купче италијански егзотични модели се оставени да рѓосуваат.

 

Приказната е наводно стара, барем од 2015 година, кога 11 ферарија – вклучувајќи 456, тестароса, 348, 400и страман спајдер, 308 кју-ви, 308 ГТС спајдер, мондијал и мондијал спајдер – биле понудени за продажба, но нивната состојба не била баш беспрекорна. На фотографиите може да се види дека ќе бидат потребни многу труд и пари за автомобилите да се вратат на патиштата.

На некои од напуштените автомобили има површинска рѓа и бојата им се лупи, на некои им недостигаат прозорци, ентериерите им се покриени со мувла и може да се види инструмент табла со искината кожа.

Автомобилите биле лоцирани во Лејквеј, Тексас, наводно оставени на влијанието на елементите од 2008 година поради кавга меѓу сопственикот и компанијата што ги чувала. Сопственикот се обидел да ги продаде сите заедно во пакет.

Тој во 2017 починал и неговото семејство повторно се обидело да ги продаде, но овојпат одделно.

Не се знае колку автомобили од оваа чудна колекција биле продадени, но глетката на посакуваните класични автомобили како тестароса и 308 кватровалволе како рѓосуваат на ливада е дефинитивно прилично тажна.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе