Како изгледа креш-тест на Путиновата лимузина аурус (ВИДЕО)

Рускиот произведувач на луксузни автомобили Аурус, познат по тоа што ги произведува лимузините за претседателот на Русија Владимир Путин, објави видео што, меѓу другото, содржи и снимка на тестот за безбедност на ексклузивното возило.

EPA-EFE

Видеото што го објави телевизијата Звезда открива детали за тестирањето на моделот аурус сенат, а снимката нѐ води и во фабриката каде што се произведува автомобилот.

Во еден сегмент е прикажан креш-тестот на луксузната лимузина при брзина од 64 км/ч (од 12:15 минути на снимката).

Возилото долго 5,6 метри има хибриден погон благодарение на кој од 0 до 100 км/ч стигнува за шест секунди, а почетната цена е 254.000 долари.

Аурус сенат на почетокот на годината беше тестиран во услови на екстремен студ, на Сибир. Автомобилот се покажал исклучително издржлив и на температури од минус 50 Целзиусови степени.

Луксузните автомобили на Аурус првично беа наменети само за највисоките руски државници, а сенат беше за првпат прикажан при инаугурацијата на Путин во 2017 година.

Од тогаш руската компанија реши да направи широка палета возила за пазарот. Сериското производство би требало да почне во 2021, но неколку возила ќе се симнат од производствените ленти веќе во ноември годинава.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе