Како изгледа голф 8 со најосновната можна опрема (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Соголената верзија на најновиот фолксваген голф во Германија чини 19.995 евра, а на конфигураторот на сајтот на компанијата може да се види како изгледа и што сѐ нуди најевтината верзија на популарниот модел.

 

Иако таквата верзија навистина може да се купи, тешко е веројатно дека некој во Германија навистина ќе се реши за неа.

Основниот голф се нуди во „урано греј“ темно сива боја, додека ентериерот е црн.

Ако ве чуди зошто најевтината верзија не е во бела боја, тоа е затоа што секоја друга боја и нијанса, па дури и белата – се доплаќа.

Основниот голф осум вози на 15-инчни челични тркала, покриени со едноставни раткапни.

Сепак, погледот во внатрешноста покажува дека ни основната верзија не е сиромашна со опрема.

Основниот пакет вклучува дигитална инструмент-табла, екран на мултимедијалниот систем со солидна големина, како и автоматска клима.

Покрај ова, на купувачите им е достапно и бесконтактно отклучување и стартување на автомобилот, ЛЕД фарови и некои системи за помош при возење, како предупредување за несакано напуштање на сообраќајната лента.

Имајќи предвид дека под хаубата е основниот бензинец, не треба да се очекуваат чуда. Најевтиниот голф 8 за погон има трицилиндерски 1,0-литарски ТСИ бензинец со 90 коњски сили, во комбинација со петбрзински рачен менувач.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе