Како гумите во Формула 1 стануваа сè побрзи, пред да станат побавни (ВИДЕО)

Има една стара шега во светот на мотоспортот дека во раните денови на Ф1-гумите биле тенки, а возачите дебели, а сега е обратно.

Ново видео на Драјвер61 ја следи историјата на технологијата на гумите во Формула 1. На почетокот, гумите во Ф1 не биле многу различни од тие на модерните велосипеди за возење по планини и биле направени од природни гума и памук.

Триењето на овие гуми со асфалтот не било големо, и покрај тоа што болидите биле брзи на правците. Во 1958 година Данлоп ја прави првата тркачка гума со најлон, заштедувајќи 5,5 килограми од гума.

Првите мазни – „слик“ – гуми се појавиле во Ф1 во 1971 и поприлично ја зголемиле брзината. Помеѓу 1970 и 1971 времето за круг се намалило за околу три секунди, како што се тврди во видеото, делумно благодарение на оваа иновација.

Постепеното унапредување на гумите оди во нагорна траекторија сè до 1997 кога ФИА реши дека Формула 1 болидите треба да успорат со помош на намалување на триењето.

Формула 1 сега повторно се врати на „ќелави“ гуми како во 90-тите, но ФИА не дозволува гумите едноставно да бидат толку добри колку што Пирели може да ги направи. Ова е за тимовите да мора да влегуваат во гаражите (пит-стоп) за елементот стратегија да го направи тркањето повозбудливо.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе