БМВ вижн М некст

Како Баварците ја замислуваат иднината на „ултимативната возачка машина“ (ФОТО+ВИДЕО)

БМВ во Минхен го претстави спортското купе вижн М некст концепт, најава за идните сериски модели на германската компанија.

 

По првата генерација електрифицирани „бемвиња“ од серијата „и“, Баварците подготвуваат нови модели со електрични погонски компоненти. Првиот чекор кон сериските модели е концептната верзија, а БМВ претстави концепт кој навестува спортски модел со хибриден погонски систем.

Вижн М некст концепт би можел да биде наследник на актуелниот хибриден БМВ и8, но како автомобил со уште помоќни перформанси – оттука и ознаката „М“ во називот. Дизајнерски, спортскиот модел личи на и8, но содржински е значително побогат.

Покрај електричниот погон, автомобилот има и системи за автономно возење и поврзаност. Покрај дизајнот кој никого нема да остави рамнофушен, новиот концепт е обоен во комбинација која уште повеќе ги истакнува неговите детали – доминатна мат сребрена нијанса со елементи во портокалова боја.

Автомобилот го има препознатливиот имиџ на БМВ благодарение на карактеристичниот изглед на предната маска, а вратите кои се отвораат нагоре само му додаваат на ефектот на одличниот концепт.

М нескт концепт има хибриден бензинко-електричен погон кој дава вкупни 600 коњски сили. Автомобилот од 0 до 100 км/ч стигнува за само 3 секунди, а максималната брзина му е 300 км/ч.

На возачот на располагање му е „буст+Ц“ функцијата која се активира со копче и која во клучни моменти дава дополнителен наплив на сила. Освен тоа, М некст концепт може да се вози и само на електричен погон, до брзина од 100 км/ч.

Внатрешноста е очекувано футуристичка, но сепак треба да се очекува БМВ да го „разводни“ дизајнот на концептот, кога тие ќе се прфрлат на сериската верзија на овој модел.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе