Љубовта кон автомобилите како повод

Кабрио&купе премиум лајф: убави автомобили, убави луѓе и убава дружба (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вчера се одржа четвртото возење со дружење на Кабрио & купе премиум лајф клубот во оваа година, или четириесеттото од постоењето на клубот.

 

За постоењето на овој клуб дознав сосема случајно, на паркинг, врзувајќи муабет со еден од неговите членови за автомобилите. Од оние муабети што ќе почнат со непознат човек, а завршуваат со нов пријател. И тој ми го објасни концептот на својот клуб – убави и моќни автомобили, драги луѓе со слична страст кон автомобилите и убава дружба. Концепт што совршено ја опишува моќта на љубовта кон автомобилите.

Кабрио & купе е клуб што постои веќе 6 години и интензивно почитувајќи ги социјалните, здравствените и сообраќајните правила ги обединува луѓето што сакаат убави и моќни автомобили и добро дружење на овие простори.

Суштината на клубот е преку возењето, луѓето со слична љубов кон автомобилизмот, да разменуваат искуства и убави моменти, уживајќи во своите лимени миленици – кабриолети, купеа, гран туризмо или V8 ѕверови.

Оваа дружина не е по „палењето“ гуми и брзото возење, туку со заемна почит се по дружбата со локални и меѓународни клубови од овој тип.

Ние веќе сме им фанови и едвај чекаме да присуствуваме на некоја од следните дружби како дел од екипата.

 

Петар Пејовиќ

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе